Трошокот за фирмите кои ќе земат дел од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки ќе го плаќа народот!

Граѓаните преку заедничките пари од буџетот ќе ги платат каматите и провизиите за кредитите кои домашните компании ќе ги земат, од парите од унгарскиот кредит. Ова го договорила Владата со комерцијалните банки, преку кои ќе се пласира оваа кредитна линија.

Банките прифатиле да ги одобруваат кредитите кон деловниот сектор со каматна стапка од 3,25%, што е исто како каматата за отплата на државата кон унгарскиот кредитор, само под овој услов. Ова значи дека ризикот што го преземаат деловните банки ќе биде практично субвенциониран од Владата.

Министерката Димитриеска Кочоска вели дека ова не е ништо ново. Ваква пракса имало и порано, кога банките со државни пари пласирале кредити за стопанството. Иако претходно власта тврдеше дека компаниите ќе имаат рок да ги вратат овие пари исто колку што е рокот државата да го врати унгарскиот кредит, сега и тоа е неизвесно, оти банките не се согласуваат на тоа.

Опозицијата, но и дел од експертската јавност критикуваше дека зад половината милијарда евра кои земјава ги зема од Унгарија, се кријат многу невидливи трошоци, кои ќе паднат на тровар на буџетот. Власта негираше, објаснувајќи дека освен адвокатските административни трошоци, други издатоци нема. Една половина од кредитот тежок половина милијарда евра е наменет за кредити за компаниите, а другата з апроекти на општините.