Трошоците за живот намалени на хартија, во реалноста скапотијата е секојдневие
Податоците за поевтина потрошувачка кошничка, ги збуни граѓаните. Најголемиот дел од оние кои денеска ги анкетиравме велат дека во последниве неколку години откако инфлацијата не престана да расте, не забележале некој производ да поевтини.
Повеќе велат дека не веруваат на извештаи и на анализи, туку на тоа со што секојдневно се соочуваат, а тоа се ценовни шокови.
„Дали сте збележале нешто да е поевтинето? Не, се е поскапо, нема ништо поевтинето“
„Од 50 на 100, од 60 на 100, Што е наскапо според вас? Месото и сувомеснатото. “
„Има и намалување и зголемување.“
„Какво поевтино бе, се е поскапо. 180 денари цреши еј. Во јули. Да во јули кога има најмногу. “
За државата ваквите податоци се показател дека се водат политики во зачувување на стандардот на граѓаните.По вчерашниот состанок помеѓу производителите и дистрибутерите на прехранбени производи со министерот за економија Бесар Дурмиши властите излегоа со информација дека бизнис секторот се согласил да нема зголемување на маржите.
Министерство за економија
„Најновата анализа за периодот март – јуни 2026 година покажува дека просечните набавни цени пораснале за околу 2,04 проценти, додека продажните цени се зголемиле за само 0,16 проценти, што значи дека кај најголемиот дел од анализираните компании растот на трошоците не бил целосно пренесен врз крајните потрошувачи. Кај повеќето производители бруто профитните маржи останале непроменети или дури се намалиле, што укажува дека дел од товарот од повисоките влезни трошоци го презеле самите компании.“
И додека голем дел од граѓаните и натаму се жалат дека не може да врзат крај со крај, за синдикатите единствениот начин за изслез од ваквата голгота е да се зголемат платите на работниците. Минимална кошничка која тежи над 68 илјади денари, не се полни со две просечни а камо ли со минимални плати кои според многумина се потценувачки и недостоинсвени.

