Трошановски за ТВ 24: Потребен е брз национален консензус за внатрешни гаранции
Потребно е многу брзо да се изгради национален консензус за внатрешни гаранции, затоа што тешко дека ЕУ ќе ги даде гаранциите што се бараа од неа, вели претседателот на институтот за демократија, Марко Трошановски, во интервју за ТВ 24.
Според него, изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја потврдува тезата дека Македонија мора да продолжи со процесот на уставни измени и со старт на преговорите, потпирајќи се на т.н. внатрешни гаранции, комбинирани со дополнителни барања што би ги упатила до Европската Унија.

