Трошановски: Пораките на Фон дер Лајен за промена на Уставот се јасни - за македонските барања не толку
Урсула фон дер Лајен беше катергорична дека уставните измени треба да се случат, но не ја отфрли идејата измените да бидат со модалитет. Вака, дел од експертите ја анализираат посетата на шефицата на Европската Комисија.
Марко Трошановски од Институт за демократија, за тв 24, вели, дека Фон дер Лаејн од Скопје ја реафирмира позицијата на ЕУ за уставните измени и преземените обврските од страна на Македонија, но и дека во исто време, не зазеде став за одбивање на измените со одложено дејство.
Марко Трошановски претседател на Институт за демократија 1мин – Не си дозволи Урсула фон дер Лајен, да даде простор за поинакви толкувања од позицијата на ЕУ и не насочи кон она што треба да го завршиме. Сепак некои толкувања во јавноста кои се јавија, околу неразбраниот или несоодветниот превод на нејзината изјава дека треба да се работи на уставните измени, а не да се разработат истите- доведе до некоја конфузија. Меѓутоа досега нема категорично отфрлање на идејата за уставни измени со модалитети.
Според Трошановски и европските лидери чекаат на нова политичка влада во Софија. Вели, доколку има простор за таква отстапка или компромис од двете страни, решението би било поддржано и од Брисел.
Марко Трошановски претседател на Институт за демократија 4мин – Нема никој од бугарска страна да се произнесе за оваа идеја. Самото тоа ја остава отворена можноста за истатата официјално да биде прифатлива за двете страни. И мислам дека се додека нема јасен соговорни од другарта страна изјавите на европските челници ќе бидат во оваа насока. Затоа ќе треба да почекаме идна бугарска влада, се надевам постабилна .
Трошановски, вели, нормална дипломатска пракса е низ писма и нон пејпери да се комуницираат позициите, а останува нејасно зошто македонската влада се уште се двоуми за првичната идеја - испраќање на пимсмо до ЕУ. Смета дека дури и да е категорична германската позиција која се толкуваше како студен туш, не гледа причина писмото да не се напише и сподели.
Шефицата на ЕК, вчера изјави дека Македонија е речиси до првиот кластер, но прво да ги исполни обврските кои се преземени. Порача дека треба да се работи на уставните промени и дека не треба да се гледа премногу во минатото, туку во иднината.