Тројца загинати при уривање станбена зграда во Русија
Foto

Тројца загинати при уривање станбена зграда во Русија

Три лица загинаа, а 79 се водат како исчезнати при уривање на висока станбена зграда во рускиот град Магнитогорск во Челјабинската Област, соопшти областниот заменик-гувернер.

Според Министерството за вонредни состојби, урнатини има во 48 станови во зградата, во која живеат 110 луѓе.

Министерството за цивилна заштита, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди соопшти дека трагедијата најверојатно настанала поради експлозија на природен гас.

Руските медиуми јавија дека на местото на настанот се испратени околу 200 спасувачи, кои ги извадија телата на тројцата загинати под од урнатините, како и уште тројца повредени, меѓу кои и едно дете.

Евакуирани се 16 лица, а судбината на останатите станари е неизвесна.

0 Коментари

Остави коментари