Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје

Основното јавно обвинителство скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи од почетокот на ноември до средината на декември 2022 година, со умисла неколкупати го повториле делото додека пак третиот обвинет се гони за соизвршителство при последната продажба.

На 25 декември минатата година, во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети организирале продажба на амфетамин во вкупна количина од 7 килограми која првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15 000 евра. 

Како дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото.