Тркалезна маса за спротивставување на странската пропаганда и дезинформациите

Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА и Здружението на новинари на Македонија денеска организираат тркалезната маса насловена „Колку гледишта - толку верувања? : спротивставување на странска пропаганда и дезинформациите“.

Тркалезната маса во Клубот на новинари се одржува во рамки на проектот „Спротивставување на странска пропаганда и дезинформациите преку јакнење на капацитетот на медиумите и новинарите“, кој финансиски е поддржан од Амабасадата на САД во Северна Македонија. Целта, како што посочуваат организаторите, е поддршка на медиумите и новинарите во справувањето со странските дезинформации, заштита на македонскиот медиумски простор од авторитарна странска пропаганда, како и известување за проверени и сигурни содржини кои може да им помогнат на граѓаните да изградат веродостојно мислење.

Тркалезната маса ќе биде поделена на два тематски дела. Во првиот дел ќе се чујат размислувањата на еминентни новинари околу тоа колку македонската јавност е изложена на странска пропаганда и соодветни примери за тоа од низа општествени сфери, додека пак во вториот дел свои гледишта за порозноста и начините за справување ќе дадат преставници од науката и граѓанското општество.