Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“

Постои оптимизам дека до крајот на оваа година ќе се постигне компромис за уставните измени, изјави австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер. 

Според амбасадорот, Македонија веќе со една нога влегла во Европската унија бидејќи испорачала одлични резултати, но наместо да се придаде значење на овој успех, премногу внимание се посветувало на уставните измени кои се бараат од нас. 

 

Владата на Северна Македонија моментално работи на акциските планови и патоказите. Мислам дека Патоказот за малцинствата ќе се испорача до Европската комисија овој месец. Затоа постои одреден оптимизам дека можеби ќе се заврши и со Компромисот 2022 до крајот на оваа година.  Северна Македонија е веќе во голема мера интегрирана во Европската унија во контекст на економијата, билатералните односи со ЕУ членките.

Според Памер, ниту една друга земја од регионот не покажала такви резултати како Македонија во Планот за раст на Западен Балкан. Од Владата пак, се надеваат дека ЕУ ќе го препознае тоа што Македонија го направила, но и признаваат дека сé уште имаме многу работа пред нас. 

Од Министерството за европски прашања потврдија дека нема измени околу црвените линии при преговарањето со Бугарија за уставните измени. Сепак, од ќорсокакот се излегува само со компромис, порача австрискиот амбасадор во земјава.