ТРИТЕ ОПЦИИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЛУКСЕМБУРГ
Foto

ТРИТЕ ОПЦИИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЛУКСЕМБУРГ

Ќе се претвори ли оптимизмот во разочарување? Ќе извиси ли Македонија повторно датум или ЕУ конечно ќе ги отвори вратите за членство?

Едно е јасно, ако позитивниот одговор донесе многу работа - недобивањето датум ќе донесе канонада на обвинувања од голем дел од политичките партии. Аналитичарите сметаат дека приказната која власта ја продава во изминатите две години ќе почне да се распаѓа, ќе има разочараност кај граѓаните и интензивно ќе почне да се размислува на избори.

Ако Македонија сепак добие зелено светло од европските лидери, власта ќе треба да ги засука ракавите затоа што на маса ќе има огромен број реформи и услови од досегашните меѓународни договори со соседите, кои ќе треба да ги спроведе. Европската гаранција ќе ги мотивира или притисне елитите да бидат попосветени на реформскиот процес кој и е потребен на земјава.

Понудата од финското претседателство за паралелен процес која не се прифати синоќа, има можност за разгледување и денеска - во Европската политика два дена се многу а последниот збор ќе може да го пресече францускиот преседател Макрон за време на Европскиот Совет.

И додека Македонија во ист пакет со Албанија, чека дали ќе се постават нови методологии и правила, јасно е дека правилата за сите земји претенденти за влез не се мереа на ист кантар. Кипар беше примен во ЕУ во 2004 година, иако островот е поделен на грчки и на турски дел уште во 70тите години. Хрватска стана дел од европското семејство и покрај територијалниот спор со Словенија за морската граница во Пиранскиот Залив. Двете земји не можеа меѓусебно да го решат спорот, па одеа на меѓународна арбитража.Кога Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година пак се уште изостануваа и реформи, а провосудството и понатаму се оценуваше како слабо.

Во меѓувреме кај граѓаните се намалуваат очекувањата за брз влез во Унијата. Според спроведените анкети,иако половина од граѓаните сметаат дека овие денови ќе има позитивна одлука, од изминатата пролет досега има пад за 12 проценти во очекувања за влез во ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари