Триста луѓе во карантин во Швајцарија по избивање зараза со Ковид-19 во ноќен клуб
Foto

Триста луѓе во карантин во Швајцарија по избивање зараза со Ковид-19 во ноќен клуб

Во Швајцарија, 300 лица беа ставени во карантин по избувнувањето на зараза со коронавирус во ноќен клуб во Цирих. Маж кој бил во клубот пред една недела е тестиран позитивен за коронавирусот во четвртокот, а пет лица кои биле со него во тоа време исто така се тестирани позитивни во петокот.

Преку списокот на посетители што го обезбеди клубот, властите контактирале со други луѓе кои биле присутни и им наредиле да останат во карантин 10 дена во обид да спречат натамошно ширење на инфекцијата сЕ додека сите не бидат тестирани.

Швајцарските власти велат дека инцидентот покажува колку е важно придржувањето кон регулативите за хигиена и социјално растојание, бидејќи мерките воведени од владите сега се олабавуваат.

0 Коментари

Остави коментари