Трипуновски: Фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште
Фирми земале субвенции а не го обработувале земјоделското земјиште а за сето тоа знаел сега поранешниот министер, Љупчо Николовски.
Сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека од денеска започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на министерството.На денешната прес-конференција тој обзнани како одредени правни лица надвор од сите прописи земале државни пари а за тоа знаеле сите надлежни институции.
- Во нашата држава точно се знае кој каква улога има, вклучително и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за која Трипуновски по не знам кој пат покажува дека е недостоен да ја држи, вели поранешниот министер, Љупчо Николовски. Го упатувам министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите во неговиот состав, пред да се расфрла со празни обвинувања кон мене, во обид да направи театар пред јавноста и да ја прикрие безидејноста и неспособноста на владата од која е дел. Ги повикувам надлежните институции да постапат согласно сите искажани точки од денешната прес-конференција. - рече Трупуновски.
„Мојот министерски мандат е познат како еден од најтранспарентните, што се потврдува со фактот дека под моето раководство МЗШВ беше прогласена за најтранспарентна институција и една од институциите со највисок интегритет. Јас како министер ги имам дадено сите потребни задолженија на службите да работат согласно законите. Во МЗШВ има повеќе од 11.000 договори за закуп на земјиште, и никој министер не може да знае што се случува со секој поединечен договор, па затоа постојат организациони единици задолжени за управување со тие договори. Доколку се утврди дека одреден субјект неправилно се стекнал со субвенции, ги повикувам институциите да започнат постапка за поврат на исплатените средства и да покренат постапка пред надлежните органи. Дополнително, очекувам продолжување на недостатокот на идеи, мерки и неспособност за реализација на истите, кои ние ги поставивме, како и конструкциите и лагите насочени кон мене.“ - вели поранешниот министер, Љупчо Николовски.
Трипуновски, за тврдењата изнесени на прес конференција рече дека ќе поднесе соодветна документација до сите надлежни институции, и побара обвинителството да постапи согласно наводите и да го расветли случајот бидејќи се работи за буџетски пари со кои се штетени граѓаните.