Трипл-дабл на Леброн во триумфот на Лејкерс над Оклахома
Foto

Трипл-дабл на Леброн во триумфот на Лејкерс над Оклахома

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја совладаа Оклахома со 112:107, најмногу по заслуга на Ентони Дејвис кој постигна 34 поени и Леброн Џејмс кој имаше троен ефект – 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

За Лејкерс ова беше 12 победа сезонава по која се зацврстија на првото место во Западната конференција.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта меѓу вторник и среда:

Мемфис – Голден стејт 95:114

Њу Орлеанс – Портланд 115:104

Сакраменто – Феникс 120:116

ЛА Лејкерс – Оклахома сити 112:107.

0 Коментари

Остави коментари