Тринаесетгодишно девојче почина откако врз неа паднала статива
Foto

Тринаесетгодишно девојче почина откако врз неа паднала статива

Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз неа паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.

0 Коментари

Остави коментари