Трилинг - Воен конфликт - можна ли е нафтена и енергетска криза?

Во новото издание на „Трилинг“ интервју со Слободан Поповски машински инженер кој работел на гасоводните и нафтоводни линии во сега воените подрачја на Блискиот Исток.

Со Поповски разговараме за цената и снабдувањето со нафта, импликациите од кризата, гасификацијата на Македонија и најавата за влез на „Казанџи Холдинг“, турска инвестиција која би градела три когенеративни гасни централи.

Синдикатот на културата и министерот Љутков во клинч – кој манипулира, а кој ја говори вистината за платите и колективниот договор на вработените во културата, разговор со претседателката на Синдикатот на културата Вера Атанасовска.

Една година по кочанската трагедија, гостинка во Трилинг, Сузана Тунев Пауновска од Црвен Крст.