Трилинг - Робусна акција против криминализираното судство или само замена на „нивни“ со „наши“?
Кои од судиите и обвинителите ќе одговараат поради тоа што не си ја вршеле работата? Зошто досега нема одговорност за оние кои држеле предмети во фиока за корупција на високо ниво? Може ли да се стави крај на политичките и деловни влијанија во правосудството? Кои би биле ефектите од од распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители? Какви се шансите во наредните неколку месеци да се изгласат уставните промени? На овие и други прашања интервју со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.
Дали за Пензискиот фонд е прифатлив предлогот на Фискалниот совет за продолжување на старосната граница до пензионирање? Ќе има ли редовна исплата на пензии, прашања на кои одговара директор на ПИОМ Никола Мемов.
За музичката сцена, општествените предизвици и приватниот живот, разговор со пејачот Марко Маринковиќ - Слаткар.