Трилинг - Македонските граѓани се доведени во ситуација да се докажуваат кои се и тоа во 21-от век

На прашање дали ако повторно дојде до пораст на цените, дали тоа дополнително може да ја подгрее инфлацијата, економистот Марјан Петрески во вечерашното издание на Трилинг вели „Јас не очекувам дека ќе видиме значајно поместување на цените на производите кои беа предмет на замрзнување“. 

Зошто кај дел од интелектуалната и научна јавност постојат предрасуди околу идејата за заедничко чествување и одбележување на историски настани и личности, го прашавме историчарот Митко Панов. 

Гостинка во вечерашното издание на Трилинг е и Мерсиха Смаиловиќ, која се уште собира 10.000 потписи за да се кандидира за претседател на земјата. Таа вели „дека ако дадеме на еден народ повеќе, ние губиме. Толеранцијата, соживотот, убавината, правото, правата им припаѓаат на сите. Ако ги дадеме на некого, ние не ги губиме. Кога системот прави дискриминација и кога системот не дава еднакви можности, тогаш е проблемот“.