Трилинг - Културата на врвот од светот, економијата во должничко ропство

Годината ја стартуваме со една милијарда евра задолжување, а за пет години ќе треба да вратиме речиси девет милијарди евра - интервју со поранешниот министер за финансии Кирил Миновски. Има ли елементи за злоупотреби на државни пари и корупција во случаите кои ги обелодени СДСМ. Дали Антикорупциска ќе ги отвори постапки за луѓе во високите ешалони на власта? Гостин претседателот на ДКСК Адем Чучуљ. Дали одлуката на Филипче да не присуствува на лидерската е исправна или непромислен чекор. Дали најавата за тет-а-тет средба Мицкоски-Ахмети значи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ДУИ се реформирала, анализираме со Марко Трошановски од Институтот за демократија. За филмот „Приказната за Силјан“, во Трилинг со режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски.