Трилинг: Кој и како да ги избира делителите на правдата во Македонија?

Кој и како да ги избира делителите на правдата во Македонија? На ова прашање во најновото издание на „Трилинг“ со Горазд Чомовски одговара Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд. Дали со овие измени може да се очекува поефикасно функционирање на органите на управување, според Драган Гоцевски, Универзитетски професор, суштински не се навлегува во некои нови надлежности, нова техника или нов начин на работа, односно иновација нема.

Без никакво изненадување, победничката партија и големото враќање на политичката сцена е партијата ГЕРБ на лидерот Бојко Борисов и поранешниот премиер на Бугарија. Тоа е првата работа во однос на изборите за европскиот парламент, кои за Трилинг ги анализира бугарскиот новинар Љубчо Нешков.