Трилинг - Ќе се врати ли Груевски дома или ќе бара ново прибежиште?

Дали унгарскиот премиер Маѓар ќе му откаже гостопримството на екс премиерот Груевски? Ќе биде ли бегалецот од Будимпешта екстрадиран или поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе најде ново засолниште? Дали предлог Законот за високо образование е согласно барањата на научната фела и потребите на студентите? Дали битката за иден ректор на УКИМ се заснова на визија и подобар концепт или во прибирање симпатии кај политичкото водство? „Ништо нормално“ нова збирка раскази на писателката Симона Јованоска.

Вво „Трилинг“ со новинарите Слободанка Јовановска и Љупчо Златев, Билјана Ангелова ректор на УКИМ и писателката Симона Јованоска.