Трилинг: Какви личности треба да бидат претседателите?

„Цврстите лидери никогаш не се грижат за системот, ниту за граѓаните, туку тоа се личности со болни нарцисоидни особини чија што цел е да биде вниманието свртено само кон нив. Претседателот е врховен командант на вооружениете сили, јас сум сигурен дека се наоѓаме во предвоена состојба и наредниот претседател ќе биде военодопски претседател.“ - вели универзитетскиот професор Јордан Шишовски во најновото издание на Трилинг.

„Сосема се реални проценките дека годишниот емиграционен бран е некаде околу 15.000 лица. Се иселуваат сите, со ред. Ова е процес кој нема етнички граници, бариери, идентичен е насекаде“ вели Апостол Симовски. - директор на Државниот завод за статистика во Трилинг.

Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии во вечерашното издание на Трилинг на прашање дали партиите и медиумите се во некаков дослух ќе каже „За жал, да. Тоа го гледаме преку низата прекршувања на новинарските стандарди“.