Трилинг - Историски кам бек на Трамп - светските лидери на стенд бај

„Се знаеше за неговиот авторитарен лик, за неговиот американски национализам, за неговите политики, а сепак Американците одлучија повторно да му дадат шанса. Не само што може, туку е и многу веројатно дека битно ќе се променат односите помеѓу Америка и Европа во целина“, вели во разговорот за „Трилинг“ проф. д-р Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.

Доналд Трамп патува кон Белата куќа во Вашингтон. На почетокот од наредната година по втор пат ќе влезе во Овалната сала на претседателот на САД. Во досегашните избори републиканецот пред осум години ја победи Хилари Клинтон. Пред четири загуби од Џо Бајден. Во битката со Камала Харис тој го освои т.н „Народен глас“ - мнозинството од сите Американци, со пет милиони повеќе од својот ривал.

Фотоволтаични електрани, појаси за ветерници, достапност за гас на големите потрошувачи. Се почнато, но не е целовито. Во овие предизвици на енергетска зелена транзиција има и една непознаница – како и кога ќе се затворат трите блока на РЕК Битола. РЕК Битола е всушност прашање кое долго време тлее. Кои се предизвиците пред новата администрација во секторот рударство и енергетика? Македонија и по три децении самостојна држава и натаму е енергетско зависна. До кога и како?