Трилинг: До кога ќе пулсира „Пулс“ во судските лавиринти?
Можно ли е во разумен рок правна разврска за кочанската трагедија или „Пулс“ долго ќе пулсира во судските лавиринти? Премиерот Мицкоски во клинч со Државниот обвинител Коцевски и со меѓународните партнери. Дали е до висината на платите на судиите и обвинителите или до немоќта да спроведат реформи во правосудството? Интервју со Вера Коцо поранешна судијка во Врховниот суд. Буџет 2026 година – раздолжувања, но и нови задолжувања.
За високиот буџетски дефицит, ниска реализација на капиталните инвестиции, (не)функционалноста на ПИОМ, анализираме со новинарот Горан Теменугов.
Зошто актерот Висар Вишка го нема на сцената во МНТ ? Во Холивуд го бараат, дома го игнорираат. Со театарскиот и филмски актер и режисер разговараме и за состојбите во државата.

