Трилинг: Дали ветената милијарда на Мицкоски е изборна измама?

Поранешниот претседател на Собранието Никола Поповски во вечерашното издание на Трилинг вели „Процесот на усогласувањето на ветувањата, не очекувам да биде така лесно како што се формира Владата така брзо, веројатно ќе има искри, секој ќе си инсистира на своето, а потешкиот проблем веројатно ќе биде усогласувањето со опкружувањето на Македонија“.

Градоначалникот на Гостивар кој претендира да биде нов министер за здравство Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ вели дека има големи шанси тој да го управува Министерството за здравство.  Таравари, пак, за релациите Скопје - Софија смета дека „ако се изнајде решение, може веднаш да поминат уставните промени“.

Бугарскиот писател Петар Дечев вечерва е гостин во Трилинг. Тој смета дека бугарскиот и македонскиот јазик се разликуваат „најмногу затоа што кога имаме слични зборови, постои нешто што на англиски се вика `лажни пријатели`.