Триесет и двајца младинци од Западен Балкан поддржани на отворениот повик за мобилност на филмски фестивали

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“. 

Како што информираат од Мрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, на повикот биле пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња - од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали. 

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија и поддржан од „British Council“ и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Mрежата на филмски фестивали и организации „Edu Cuts“, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.