Триесет години Aрмија, 30 години мир и стабилност

Армијата може да одговори на сите безбедносни ризици и е главниот двигател на членството во НАТО - Ова се дел од пораките кои беа испратени на чествувањето на 30 годишнината од формирањето на Армијата на Македонија.

 

Според министерката за одбрана, Славјанка Петровска, армијата е гарант за безбедноста. Иако според неа, се формирала во тешки услови, денеска Македонија има современ безбедносен систем кој може да одговори на сите безбедносни ризици.

 

Претседателот Стево Пендаровски пак, вели – Иако поминавме низ тешки периоди, надворешни блокади и погрешни внатрешни приоритети, Армијата постојано реформирајќи се, помогнала до реализација на стратешката цел, членство во НАТО.

 

Армијата целосно се осамостои откако на 27 март 1992 година, ЈНА целосно се повлече од Македонија, а Македонските војници, организирани во територијална одбрана, успешно ги преземаа гаранциите и воените објекти.