Триесет дена притвор за десет дрвокрадци кои нападнаа полицајци
Foto

Триесет дена притвор за десет дрвокрадци кои нападнаа полицајци

30 дена притвор, и кривични пријави за 10 те лица кои брутално ги нападнаа полициските службеници поднесе МВР до ОЈО во Прилеп. Лицата се од 28 до 52 годишна возраст. Од ОЈО во Прилеп во  дописот до јавноста наведуваат

„ОЈО Прилеп по приемот на кривичната пријава за настанот веднаш ќе почне истражни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот. По прибавување на сите материјални и вербални докази, нивно разгледување и анализа надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката.“

Со остра осуда за ваквиот настан денеска и Полицискиот синдикат од каде велат ги охрабруваат институциите целосно да го расветлат овој случај .

Македонскиот Полициски Синдикат следејки го текот на постапката со нападот на Полициски службеници од страна на група на лица на подрачјето на ОВР Прилеп случаен на 24.09.2020 година  во кој повеќе полициски службеници се здобија со повреди а еден полициски службеник во критична состојба беше пренесен во клинички центар Скопје, го поздравува постапувањето на надлежното Обвинителство и надлежниот суд во која постапка на 10 лица им е изречена мерка притвор.

„Го поздравуваме ваквото постапување кое дава јасна порака за правична институционална заштита на полициските службеници при извршување на својата професија и јасна порака дека секој напад на Полициски службеник ке резултира со соодветна итна постапка согласно кривичното законодавство.“

Нападот врз полициските службеници од се случи во четвртокот околу 20 часот, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, откако сопреле за проверка три патнички моторни возила без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со  дрва за огрев, кои од страна на полициските службеници биле одземени.

Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило.

0 Коментари

Остави коментари