Трибина во Дојран за состојбите и предизвиците со квалитетот на езерото

Да се прават редовни месечни анализи на квалитетот на водата на Дојранското езеро со земање примероци од повеќе локации. Анализите да посеопфатни, а не само во делот дали водата е за капање, да се зголемат контролите на објектите на самиот брег како ги испуштаат отпадните води.

Ова се само дел од препораките  од трибината Состојби и предизвици со Дорјанското езерот каде според Центарот за јавно здравје годинава водата била безбедна за капање но одредени параметри не биле исполнет.

Првиот човек на Дојран Ангов потенцираше дека квалитетот на водата не е совршен но далеку од катастрфален. Тој рече дека наскоро ќе отпочне реконстуркцијата на колекторскиот систем и филтер станицата кои се посочени како се сметат за најголеми загадувачи на езерото. Градежните работи се очекуваат во март за што од владата се очеквуаат вкупно 3 милиони евра.

Во наредниот период општината планира да организира почести трибини преку кои граѓаните ќе дават забелешки и сугестии како стие чинители да се вклучат во затшитата на дорјанското езеро и неговиот биодиверзитет.