Три месеци по прележувањето e најкраткиот период за реинфекција со ковид-19 во земјава

Најкраткиот период во кој е регистрирана реинфекција со ковид-19 се изминати три месеци по прележување на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во просек, реинфекциите се случуваат од четири до пет месеци по прележување на коронавирусот. Комитетот за имунизација дава пепорака, прележаните по изминати 45 дена да се вакцинираат, бидејќи природниот имунитет нема ист интензитет на заштита како вакцините.

Надлежните нема да воведат нови рестриктивни мерки за претстојните празници. Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека не гледа причина за дополнителни  ограничувања за време на празниците. 

Од Министерството за здравство соопштуваат: триесет и шест лица во земјава во периодот од 13 до 19 декември се заразиле со ковид-19, што е зголемување од 38,5 проценти во однос на претходната недела. Но, нема официјален податок дали помеѓу реинфицираните има лица кои се комплетно вакцинирани, со две дози и еднаш веќе прележани. Заклучно со 19 декември, вкупно се регистрирани 1.013 реинфекции.