Три илјади помалку првачиња - аларм за демографијата
Бројката од 4.900 првачиња помалку од лани, што ја посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска, a која не е дефинитивна, повторно го вклучи демографскиот аларм. Јаневска потенцираше дека дури и да се зголеми нивниот број до почетокот на учебната година тоа сепак може да значи дека ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку.
За експертите ваквата бројка е алармантна од пооодамна само што сега велат дојде до израз. Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски вели дека бројката која е најавена дека ќе недостигаат првачиња е аларматна сама по себе. Бројот е се помал од година во година а самото тоа по себе влијае и на бројот на ученици во основните училишта а тоа влијае и на иднината на нашата земја.
Покрај наталитетот влијаение врз ваквата состојба има и исселувањето од земјата особено видливо последните неколку години каде многубројно население замина од државата со карта во еден правец додава Герасимовски.
Дел од ескпертите со кои што поразговаравме велат дека демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности.
Според податоци што ги соопшти МОН, во околу 100 училишни објекти учат помалку од пет деца. Две третини од училишните објекти се подрачни училишта, а во нив се образуваат само 12 проценти од учениците. Министерството затоа најавува оптимизација и поврзување на дел од малите подрачни училишта со поголеми образовни центри. Намалувањето продолжува и во високото образование.
Според Јаневска, сè помалку ученици во основните и средните училишта неизбежно носат и помал број студенти. Истовремено, интересот и потребите не се еднакви кај сите студиски програми.

