Три деца на Клиниката за детски болести во сериозна здравствена состојба
Foto

Три деца на Клиниката за детски болести во сериозна здравствена состојба

Тројца од 17 пациенти хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје се во сериозна состојба како резултат на компликации од сезонскиот грип.

Сите три случаи, покрај сезонски грип, боледуваат и од некои други болести. Директорот на оваа клиника изјави дека ниту еден од нив не е на апарати за дишење, а состојбата на останатите 14 други пациенти е под надзор на медицински тимови.

Вчера пак 14 годишно девојче почина на клиниката како прв смртен случај од компликации од грипот.

0 Коментари

Остави коментари