Три албански партии: Измените во Кривичниот законик се прават за да се спаси Груевски
Албанските партии Алтернатива, движење Беса и Демократско движење сметаат дека измените во Кривичниот законик кои Владата ги предложи до Собранието се прават да се спаси Никола Груевски.
Тие на прес-конференција објаснија, како што велат, зошто „на Владата и на парламентарното мнозинство на оваа Собрание му се брза за усвојување на измените на Кривичниот законик“- основната причина поради која се прават овие измени во Кривичниот законик е што е можно побрзо во Скопје да се врати, без трн во ногата, Никола Груевски.
Јавноста има право да знае, а премиерот Ковачевски и министерот за правда Лога имаат обврска да го објаснат ова, дека доколку помине овој предлог за измена на Кривичниот законик, а тие имаат мнозинство да го усвојат, потоа можат слободно да му извадат билет на Никола Груевски во еден правец од Будимпешта до Скопје и да го пречекаат со сите државни почести – велат од трите партии.