Трговска војна Македонија - Косово
Foto

Трговска војна Македонија - Косово

Додека македонската влада преку дипломатски пат се обидува да ги тргне трговските бариери со Косово, трговците веќе ги чувствуваат загубите.

Од Сојузот на стопански комори велат дека политиката треба да биде на страна на економијата, а за овој проблем решение мора да се најде побрзо, бидејќи штетите ќе бидат големи. До петок косовската Агенција за храна ќе треба да и испрати извештај на нашата агенција за храна за здравствената состојба на рибните производи.

Откако таков документ ќе пристигне од Приштина и ако се е во ред со податоците, тогаш агенцијата за храна ќе ја тргне бариерата за увоз на икра и рибен подмладок од Косово. Потоа би се очекувало косовската влада да ја тргне забраната за увоз на медот и компирите произведени во Македонија.

0 Коментари

Остави коментари