Трговците предупредуваат: ќе има отпуштања ако се ограничат маржите
Владата веќе неколку дена со помпезна најава за зауздување на цените преку замрзнување на маржа на трговците. Бизнисот со поделени мислења колку тоа ќе има воопшто ефект врз стандардот на граѓаните.
Новоформираната Комора на трговци денеска преку соопштение ги пласираше незадоволствата од идејата за ограничување на маржата но претседателот на истата комора телефонски рече дека ќе се произнесе за по некое време да се предомисли со објаснување дека прво мора да се види со премиерот Мицкоски за потоа да го каже ставот на Комората. Во соопштението на Комората се наведува дека мерките на Владата се популистички и дека не нудат решавање на проблемите на долг рок.
„Популистички мерки не носат решавање на проблемите на долг рок. Со ваква маржа нема да можеме да опстоиме. Воедно, ќе мора да донесуваме и рестриктивни одлуки, за отпуштање на нашите вработени и реструктурирање на работењето и затворање на маркетите.“ - се наведува во соопштението на новоформираната Стопанска комора на трговци.
СДСМ со најава дека ќе предложат сет од седум мерки со цел подобрување на стандардот на граѓаните меѓу кои намалување на ДДВ на основните прехранбени продукти, фиксирање на маржите, спроведување на Законот за нефер трговски како и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.
Причината за ова ограничување е извештајот од Државниот пазарен инспекторат, кој покажал дека маржите на некои производи се значително високи.
Владата, исто така, препорачува маркетите да ги објавуваат цените на своите производи и редовно да ги ажурираат истите.