Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи
Утре Владата треба да соопшти дали ќе ја прифати понудата од новата комора, да се изготви листа на 200 производи кои најмногу се употребувани кај граѓаните или ќе оди со ограничување на маржата на околу 1.000 производи. И додека се чека одлуката на владата граѓаните велат не можат да врзат крај со крај.
Дел сметаат дека цените на производите се реални, додека дел велат со платите во Македонија може да се издржи само 15 дена, додека останатите 15 ќе јадеме леб, сол.
„Со илјада денари едвај нешто, што може ништо.“
„Нешто што има онака поедноставно леб, сол, краставички пиперки.“
„Секој ден се мењаваат кој како сака, тие законите што ги донесоа дека нема да се качат цените тоа не е така. И ич да немаш ќе пружиш тука рака ќе свириш мора да се живее.“
„Што се однесува до цените реални се.“
„Поскапени отколку баеѓи поевтинети. Со нашите примања можеме ли да си врземе крај со крај, можеме во Бутел на крај ќе биде.“
Од ССМ велат дека владата треба да направи подетален и подолгорочен план со кои ќе се стабилизараат цените, додаваат дека треба да се изгови анализа со цел да видиме каде е тоа драстично покачување дали помеѓи производителот, добавувачот и трговецот. И најнеопходно е зголемување на платите на работниците.
„Мислам дека најнеопходно е плус да се зголемат платите бидејќи не е само станрадот кај работниците само околу храната него знаеме и во самата кошничка имаме за облека мебел струја вода се е покачено така да мора да не ги набројувам мора нешто да се направи како би го подобриле стандардот на граѓаните.“ - Љупчо Радовски ССМ.
Вчера производителите изјавија дека цената за откуп на доматот е 30 денари, а во маркетите се продава 120 денари и како што велат не се виновни за високите цени, тие нивните производи ги продаваат по ниски цени кои ги кажуваат откупувачите. И додека граѓаните се во исчекување за подобар животен стандард партиите се препукуваат кој е виновен за високите цени на производите.
Од СДСМ денеска велат Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени, и нудат сет на 7 мерки кои би имале силен и брз ефект.
- 1. Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5% со што сметките за струја на граѓаните ќе се намалат за дури 13%. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе штедат околу 400 денари. 2. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со што граѓаните ќе заштедат 2.000 денари месечно или 12.000 денари годишно. 3. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци. 4. Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи. 5. Итно спроведување на Законот за нефер трговски практики со што цените ќе се намалат и до 30%. 6. Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили. 7. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Оваа мерка ќе опфати 350.000 граѓани, со месечни зголемувања од 3.000 до 15.000 денари. - Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.“
Додека пак од ВМРО-ДПМНЕ пред два дена соопштија дека СДС без чуство за граѓаните, повторно се става во заштита на интересите на капиталците. Додаваат додека СДС биле на власт, наместо во интерес на граѓаните, работеле исклучиво во интерес на нивната политичка елита која заедно со трговците и капиталот, ја ограбувале државата и го осиромашувале народот.
„Периодот на владеење на СДС го обележа местењето тендери во четири очи со кои ги празнеа буџетите на институциите, а големците во партија парите ги делеа сопствениците на фирмите. Тоа време заврши и ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која ја предводи власта, посветено работи во заштита на интересот на државата и граѓаните. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт како граѓаните, така и целокупните општествени чинители, имаат партнер со кој заеднички ги креираат и ги носат политики за доброто на сите.“ - ВМРО-ДПМНЕ.
Ставот на економистите е доколку трговците сакаат да ги поевтинат производите веднаш да го сторат тоа, а не да ја чекаат Владата. Поради високите цени на храната граѓаните во два наврати ги бојкотираа маркетите, што резултираше со намалување на прометот кај трговците. Власта се пофали со мерки кои се уште не се воведени а во меѓувреме цените и понатаму растат.