Трговците кои неконтролирано ги покачија цените, може да добијат забрана за работа
Државните институции надлежни за трговија во земјава анализираат на што се должи нов иот бран на поскапување на храната. Доколку се утврди дека повторно има незаконско поскапување казните за несивесниоте трговци ќе бидат повисоки а им се заканува и забрана за вршење на дејност.
Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши кој додаде дека новите мерки за подобрување на куповната моќ на граѓаните ќе зависи од податоците кои ќе ги добие од Државниот пазарен инспекторат. Министерот за економија Бектеши е уверен дека најголемиот дел од производите кои имаат нова повисока цена се оние од увоз.
Крешник Бектеши Министер за економија - „Во делот на инфлацијата може и да нема а може и утре да има мерки. Значи од анализите кои ги добиваме на дневна основа и од Државен пазарен инспекторат и дирекно од секторот за трговија од министерството за економија.“
ТВ 24 се обиде да го добие директорот на Пазарна Горан Трајковски и да одговори што конкретно анализира инспекторат и од што ќе зависи дали ќе има намалување на недкој од прехранбените производи кои граѓаните редовно ги купуваат. Трајковски не одговори на нашите повици. Бизнисмените пак се против повторно воведување на замрзнати цени или ограничени маржи. За да ги намалат цените велат дека прво ќе треба да добијат некаква помош од државата, но не им се допадна идеата да се откажат од дел од заработката. Претседателот на Комората на Северозападна Маакедонија вели ова е слободна економија и тие си ги формирале цените.
Менди Ќира претседател на СКСЗМ - „Не сме за профит, не сме само за профит, но има и други методи кои владата треба да ги мреземе, како намалување на ДДВ, намалување на данок за државни резерви, има и многу други методи кои треба да се земат како метода за да се намалат цените. Тоа е слободен пазар и заработувачката доаѓа , колку е побарувачката и понудата.“
Стапката на инфлација статистички бележи благо намалување во последниве неколку месециу. Но реакциите на граѓаните се дека поскапувањето на храната никако да запре. Веќе неколку недели добар бел од прехранбените производи се продаваат по повисоки цени. Одговорниот во владата за економските политики вицепремиерот Фатмир Битиќи веќе соопшти дека е забележано неертичко и нефер однесување на дел од трговските ланци на марктети. Поради тоа Битиќи најави санкции но и нови мерки за граѓаните. Во државната каса за година се резервирани 250 милиони евра за антикризни мерки.