Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи
Додека едни гладуваат – други се насладуваат. Кога конечно ќе се вкуспат апетитите од фамозната листа на производи со замрзнати маржи? Од Министерство за економија не знаат дали им стигнало листата со производи.
На прашања на ТВ24 дали новоформираната Комора на трговци на големо и мало ја имаат доставено листата на производи до Министерството за економија и труд и дали нивната понуда е прифатлива за Министерството за економија и труд?
Дали понудата на Комората на трговци од 150 производи ќе биде надополнета или намалена од страна на Министерството за економија и труд? Од Економија велат дека:
„На последниот состанок кој што се одржа во Министерството за економија и труд со претставници од најголемите трговци и дистрибутери беше договорено конечната одлука да се донесе до крајот на оваа недела. Кога ќе има одлука ќе ја информираме јавноста.“ - велат од Министерство за економија и труд
Од Стопанската комора на трговци велат дека предлозите се доставени до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат.
За разлика од Министерство за економија, Владата знае каде била испратена листата со производи од страна на Комората на Трговци. Од Влада со конкретен одговор:
„Согласно договореното, до Министерството за економија и труд се пристигнати неколку предлози од страна на трговците, некои од нив се однесуваат на ограничување на маржата, додека други на намалување на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи. Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија, ќе разгледа и дополнителни можности и ќе се заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат.“ - велат од Влада.
Што и каков апетит се крие зад листата на трговците која ја подготвија со производи по нивен избор – граѓаните ќе треба да почекаат додека Владата и трговците не се договорат што и како ќе замрзнуваат.