Трети мај - Светскиот ден на слободата на медиумите

Трети мај - Светскиот ден на слободата на медиумите. Ако во земјава постоеја само десетмина  новинари, седуммина ќе земаа потпросечна плата. Четворица немаше ниту да имаат постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело. Четворица ќе работеа прекувремено, а на тројца немаше ниту да им се плати. Петмина ќе застанеа на вратата за да излезат од професијата“- вака Новинарскиот синдикат ја илустрира состојбата на новинарите. 

Гости се Билјана Петковска директорка на МИМ, Кристина Озимец, новинарка, основачка на ПИНА, Павле Беловски новинар, лидер на Новинарскиот синдикат и Џелал Незири новинар.