Трета среќа за градоначалник на Маврово - Ростуше

Сместена во западниот дел на Македонија, општината Маврово и Ростуше изобилува со својата природна убавина. Патот до оваа општина во лето потонува под длабоката сенка на густото зеленило, долж течението Радика, но и Мавровско езеро.

Токму овде се крие еден од најголемите парадокси кога станува збор за избори. Печалбарството не е тајна, а со тоа и иселувањето велат жителите од Ростуше. Се надеваат дека со враќањето дома од печалба ќе се направи вистинскиот избор на градоначалник. Очекувања имаат многу но и изгубена доверба дека нешто ќе се подобри. Една од желбите е да се вратат и задржат младите луѓе.

Со исселувањето и печалбарството, просветните работници а со тоа и образованието се соочуват со неможноста да се пополнат паралелките. Професорот по Германски јазик, Кемил Исметовиќ кој предава во основно и средно образование вели дека на долг рок ако продолжи трендот на иселување постои ризик дел од наставниците да останат без работа или да бидат прераспределени во други градови, но и ризик некои училишта да стават клуч на врата.

Амбициозни ветувања на двајцата кандидати кои сакаат да управуваат со општината. Медат Куртовски, кој е кандидат на СДСМ, вели дека има крупни планови за општината, но и е убеден дека овој пат во општината ќе има доволно број на излезност, бидејќи печалбарите се вратени дома. 

Наспроти куртовски застанува, Мевмед Џафери, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој одби да даде изјава со изговор дека е болен.