Трет обид за нови еколошки автобуси

Состојбата со автобускиот превоз во скопје, комунален и сообраќаен хаос во главниот град, дивиот пешачки премин кај бит пазар , еднократна парична помош за онколошките пациенти...советниците од град скопје бараат одговори од орце ѓорѓиевски за проблемите кои секојдневно ги мачат скопјани..

Игор Димески – советник во град Скопје

Последниот период има доста изјави од официјални претставници од град скопје дека енормно е зголемен бројот на автобуси кои вршат јавен превоз и сето тоа со наратив дека јсп постигнува одлични резултати на тоа поле...СЕ Добива впечаток дека надвор по улиците освен возило на јсп ретко може да се забележи друго возило за јавен превоз, додека на терен секојдневно имаме поплаки од граѓани дека чекаат автобус и по два часа..“

 

орце ѓорѓиевски – градоначалник на Скопје

„Јас сега мислам дека е далеку подобра од моментите кога раководеа кадри на ДУИ со градот Скопје. Вие споменавте и за комунална хигиена а еден ваш бивш директор , кој што сега е во затвор, многу е подобра состојбата откако не е вашиот директор.“

 

Допрва ќе се одлучува и што ќе се преземе да се затвори нелегалниот пешачки премин кај бит пазар ... Скопскиот градоначалник тврди дека не ретерира од решавање на проблемот, но дека финалната одлука ќе се донесе заедно со граѓаните. ..Првиот обид за затворање на преминот помина неуспешно откако десетици граѓани ги спречија надлежните служби да си ја завршат работата...Пред само неколку дена, нова сообраќајна несреќа на спорната локација - автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот..

Горан Арсов – советник во град Скопје

„Се обидовте да ја вратите оградата на дивиот премин, и не успеавте па потоа ретериравте во ставот дека таму е прашање и дали треба да се затвори дивиот премин или не. “

орце ѓорѓиевски – градоначалник на Скопје

„Не станува збор за ретерирање тоа што кажав дека ќе се консултурам со граѓаните затоа што кај многумина од нив видов искрено барање да на друг начин го регулираме протокот на движења на пешаци.“

Советниците прашаа и поради кои заслуги поранешниот директор на Македонската Радио Телевизија, Марјан Цветковски, е избран за директор на Фондацијата Скопје европска престолнина на културата..

По денешната седница, се дозна и дека се уште не е објавен тендерот за изграда на паркингот во клинички центар , иако уште во март, градоначаникот на скопје и министерот за здравство, најавија дека ќе се среди сообраќајниот хаос кај главната болница во државата..Не изостана ниту Цементарницата Усје и загадениот воздух во Скопје..

Милица Давчева советник во град Скопје

„Скопје е со најтемна боја односно со црно обоено како град кој што има највисока стапка на смртност поврзана со загадениот воздух во главниот град. “

Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Скопје

„Јас го делам вашиот став но го делам и ставот со речиси сите Скопјани дека не треба да биде продолжена дозволата на Цементарница УСЈЕ. “

Пред советниците, денеска е и предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година...Киното „Милениум“, планетариумот во младинскиот култрурен центар и пожарникарите чекаат пари од измените на буџетот на главниот град..