Трет месец повисока плата и до 2000 евра за функционерите, законското намалување никој не го споменува

Трет месец на сметките на пратениците легна повисока плата, втора, покачена за дури за 78 проценти. Освен нив, повисока плата има и за близу 600 функционери, меѓу кои и министри, градоначалници, но и разни координатори, директори, претседатели, секретари.

Економистот Абил Бауш за ТВ 24 вели дека зголемувањето законски е во ред, но морално и етички во време на криза не ево ред оние кои земаат и онака високи плати дополнително да се богатеат на сметка на народот..

 На истиот став и поранешниот министер за фиснансии.

Од владата нема одлговор кога законот кој што треба да ги реши системски платите конечно ќе го вди светлото на денот. А нема инфорамции и до каде е симулацијата за намалување на коефициентот што ја најавуваа од минситерството за финднасии. Оттаму само го повторуваат ставот дека ќе има решение.

- Владата на Република Северна Македонија работи на изработка на нов Закон за систем на плати во јавен сектор во којшто ќе се предвиди структуриран и конзистентен пристап во пресметка и  исплатата на плати на сите вработени во јавен сектор и на избрани и именувани функционери во државата. Во ова смисла, за да се изврши промена во бодовите односно коефициентите за пресметка на платите на функционерите, потребно е или да се направат самостојни измени на постојниот Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица или до истите да дојде како резултат на усогласување со новиот Закон за систем на плати во јавниот сектор. - велат од Влада.

Уставниот суд укина одредби од закон, со кои досега платата на функционерите се одредуваше со коефициенти според основицата од 26.700 денари, а сега таа е според просечната плата од 2022, која изнесува речиси 32.000. Со тоа, некои функционери веќе трет месец добиваат повисока плата за фантастични 78 проценти.Проценката е дека, ако не се укине, ова ќе ја чини државата најмалку 5 милиони евра годишно, пари на граѓаните.