Трет ден штрајк, СОНК на средба во МОН
Си ги бараме назад учениците, но бараме и поголеми плати- вработените во образовниот процес трет ден на штрајк. Наместо ученици, во училниците денеска седеа само наставниците кои штрајкуваат- ова беше сликата во неколку училишта каде ТВ 24 направи обиколка. Со овие плати само се преживува- вели наставникот во О.У. Мирче Ацев, Влатко Костовски.
Градинките пак згрижуваат деца но, но работат само оние кои не штрајкуваат или не се членови на синдикатот. Од скопската градинка Срничка се пожалија од директорката, од СОНК пак велат директорите не смеат да се мешаат во штрајкот.
Барањата на СОНК се зголемување на платите на вработените во образовниот процес за 18,4% односно нивно усогласување со минималната плата.