Трет ден кампања за локалните избори
Ветувања за подобар живот, европски стандард, решени комунални иинфраструктурни проблеми- трет ден изборна кампања за локалните избори.
Партиите на терен. Владејачката СДСМ изборниот караван го продолжува во Струмица и Куманово, опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска својата програма ќе ја претстави пред гласачите во Демир Капија, Неготино и Кавадарци.
ДУИ е во Дебреште долнени и Пласница, „Одлучно за промени“ е во Зелениково и Кисела вода, а граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ својата програма ќе ја претстави пред граѓаните на Центар и Кисела вода.
Партијата Интегра пак ќе ја претстави локалната развојна платформа во градскиот парк.