Трет ден јавна преписка на Груевски со Мицкоски, Милошоски и Ѓорчев

Нови преписки и превирања на релација ВМРО-ДПМНЕ и почесниот екс претседател на партијата Груевски откако во последниот статус повторно го прозва - актуелниот лидер Мицкоски повикувајќи се на негови извори дека наводно како што вели Мицкоски се заканувал дека кога ќе стане премиер ќе го апсeл и Груевски. 

- Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а пред се Мицкоски, во многу наврати јавно говори дека ако тој станел премиер ќе ме апсел, а дека тоа навистина го посакува е фактот не само што нема никаков контакт со мене веќе пет години, туку се најлошо говори на сите за мене, лаже, подметнува, раскажува невистини со голема омрза кон мене, им зборува на луѓе дека тој ќе ме донел во Идризово, изразува нетрпение и видлива фрустрација што воопшто постојам и што сум жив. Очигледно тој би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта. Не се јавував јас вчера и денес кај угледни партиски луѓе туку тој со ултиматумот: или ќе ме подржиш, или си со Груевски. Многу сте забрефтани и арогантни. Ве има обземено и злоба. Ја чувствувам кон мене. Ви лежат луѓе невини по затвори, ги влечат по судови, со прст не мрднувате да им помогнете, Срамота е тоа! Бедно е! Сега ме нападнавте и ме приморавте да ви вратам. Нема да ви молчам, а вие да ме газите. 

Мицкоски пак и денеска на својот ф.Б профил објави и слика со поранешната министерка Гордана Јанкуловска со наслов средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не не скршила . 

И додека  Груевски тврди дека немал никакво влијание врз пратеници да гласаат за одредени точки  во еден од последните статуси не пропушти прилика да ги прозве и пратеникот Антонио Милошоски за кој потенцира дека при секоја смена на лидер на партијата се свртувал против старите лидери на што Милошовски и денеска пак за ТВ 24 само кратко вели:

- Не би коментирал.  Нека се занимава што смета дека се негови приоритети - дали тоа се лични или политички не е битно. Нека не ни одмага не му одмагаме. Да се фокусираме да ја поразиме власта и да му ставиме до  знаење дека со него или без него уставни измени нема да има. - рече Милошоски.

Се огласи и поранешниот амбасадор и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ѓорчев чие име исто така се најде во статусите на Груевски кој пак го прашуваше зошто во времето на Заев не си дал оставка од амбасадорската функција кога веќе ги критикувал владините политики на Заев на што пак Ѓорчев денеска одговори.

- Низок удар и неочекуван за еден поранешен и почесен претседател на партијата. Зошто да си дадам оставка како дипломат ако добро сум си ја вршел својата работа и на крајот од денот јас бев назначен од тогашниот претседател Ѓорге Иванов и бев претставник на Р. Македонија во Софија. - рече Ѓорчев. 

Во својата колумна која пак денеска ја напиша наведува:

- Сопственичката содржина на нашите животи се толкува уште како “имотна состојба”. Колку вредноста на имотната состојба е поголема, толку задоволувањето на потребите е на повисоко ниво.  Политичарите можат да го трошат само тоа што законски го заработиле-како плата за време на својот мандат. Се друго е обвиено со велот на сомнежот за корупција. 

Со порака до Груевски на Ф.Б и неговиуот претходник и поранешен премиер Љубчо Георгиевски наведувајќи 

- Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни.

Порака до ВМРО-Шумадија:

- Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартици кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27.Да и помогнете на Македонија на патот до Европа.

Темата за внатрепартиските превирања во најголемата опозициска партија особено се актуелизираше последната недела со пораките и преписките по социјалните мрежи на релација Скопје - Будимпешта.