Трендафилов: Владата не е против зголемување плати, меѓутоа другите синдикати се против
Позитивни вибрации од „Илинденска“ помеѓу ССМ и премиерот Христијан Мицкоски. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, изјави дека Владата не е пречка за зголемување на минималната плата, туку вистинскиот проблем доаѓа од страна на другите синдикати.
На средбата во Влада беа и од КСС кои исто така дадоа изјави посочувајќи дека тие се на ставот на доследно почитување на законите.
Од ССМ посочија дека во текот на утрешниот ден ќе биде побарано од сите пратеничките групи да отидат во Работничкиот дом и да се сретнат со ССМ за идниот раст на платите. Од ССМ посочија дека преговорите ќе продолжат, а наредна средба со Владата е можна после Велигденските празници.
Меѓу барањата на синдикалците покрај почитување на колективните договори е и минимална плата од 500 евра.