Трендафилов: Владата да ги тргне рацете од синдикатите
Трудот и влогот на работникот не смее да биде предмет на политички поткусурувања. Работниците заслужуваат достоинствен живот. Првиот синдикалец, Слободан трендафилов вели дека 10 илјади работници примаат плата под 22.567 денари и 25 илјади работници примаат минимална плата, што е незаконски и кривично дело. Побара од Владата зголемување на минималната плата во износ од 450 евра но и пораќаа владата да ги тргне рацете од синдикалците.
Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Естер Линч порача дека Владата треба да седне на маса со синдикалцитеи да изнајдат решение кога се во прашање работниците и синдикалното движење.
Синдикатото побара распуштање на Судскиот совет бидејќи се револтирани од постапките на Врховниот суд за одземање на зградата на синдикатите, на тоа се надворза и генералниот секретар на Европската Конфедерација на Синдикати, Естер Линч која рече дека порача дека Работничкиот дом е легитимна сопственост на синдикалната организација и оти суштинско значење е да има вистински, реален социјален дијалог којшто ќе ужива поддршка и од владата и од работодавачите.
Инаку, минималната синдикална кошничка за јули е 60.570 денари или близу илјада евра и е во постојан раст. Во Македонија, таа може да се покрие со три минимални плати.
Иако синдикатот првично најави дека се можни протести, денеска не откри дали ќе следува жешка синдикална есен, доколку на заедничка маса со владата не најдат заедничко решение за платите.