Трендафилов: Одлуката на владата за сезонски потрошувачки кошници е добра, но потребно е покачување на платите

На предлог на Министерството за економија и труд, Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи до 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало.

На листата на основни прехранбени производи во таканаречената есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните, кажа на прес конференција во Владата Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информираше министерот, ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот

Со владината одлука опфатени се стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук. Од ССМ велат дека добар е потегот на Владата да им помогне на граѓаните преку најавените кошнички. 

Инаку, од ССМ денеска на прес кажаа и дека си ја вратија зградата во нивна сопственост затоа што претходно им беше одземена, на сегашната власт и порачаа да не ги следат постапките на Владо Бучковски и на Димитар Ковачевски.