Трендафилов од ССМ: Власта сака да ме заплаши со објавување на снимки од моето семејство

Сојузот на синдикати на Македонија утре ќе ги блокира влезовите на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Ова е втората блокада а на 17 февруари велат ќе ја бликираат Владата поради игнорантскиот однос за барањата за раст на минималната и останатите плати.

Синдикатите најавуваат протест и генерален штрајк. Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов денеска остро реагираше по објавеното видео со неговите деца од страна на пратеничка на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Во ова гледа обид за заплашување и притисок и бара иснтутуциите веднаш да постапат...