Трендафилов: Недела останува неработен ден

Недела останува неработен ден за сите работници и по тоа прашање нема преговарање, вели првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Како што вели Трендафилов, потврда дека е донесена правилна одлука дал и Уставниот суд.