Тренчевска за ТВ 24: По завршување на изборите, СДСМ како власт ќе го реши проблемот на ССМ и јас застанувам зад Синдикатот

Јована Тренчевска дополнителен заменик министер за труд и социјална политика во емисијата 24 анализа рече дека СДСМ и владата немаат влијание врз судството и дека завршилот времето кога владата влијаеше во судството.

- Нема да ја коментирам судската одлука, разговаравме и во владата пред техничката влада и со ССМ за состојбата за ССМ. Техничката влада не може да преземе конкретна активност. По завршување на изборите СДСм како власт ќе го реши проблемот на ССМ. Верувам во синдикатот и застанувам зад него, како човек што верува во праведноста  и еднаквоста, во Синдикатот како заштитник на работничките права. - рече Тренчевска.