Тренчевска за ТВ 24: Ако наставниците не се вратат на работа и продолжат со штрајкот, може да ја изгубат работата
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во емисијата 24 анализа истакна дека штрајкот не може да продолжи и кога се пристапува кон мирно решавање на работните споротив, согласно законот, тој се става во мирување.
- Се пристапува кон медијација со помирувач кој се вклучува во изнајдување на решение. Штрајкувачитѕе не може да го отфрлат кога СОНК постапил согфласно законот. Учениците се враќаат во училиште, наставниците се враќаат на работа. Ако не се вратат на работа и продолжат со штрајкот, ќе си сносат одговорност согласно законот. Ако не се јават на работа, се пристапува кон законот за работни односи и може да изгубат работа. - рече